Зголемена фрекфенција на возила, на граничните премини Богородица, Дојран и Табановце се чека околу еден час

- Македонија
390

Поради зголемена феквенција на возила, на граничните премини Богородица и Дојран за излез од Македонија се чека околу еден час, додека исто толку се чека на Табановце за влез во земјава, информираат од Автомото Сојузот на Македонија (АМСМ).

 На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

извор: АМСМ

фото: архива

Facebook Коментари