Oпштина Струга преку соопштение за јавност ги известува граѓаните дека на подрачјето на општина Струга на 26.06.2019 година (среда) ќе ce спроведе теристичка (од земја) дезинсекција со цел уништување на комарци, како и дератизација на шахти.
Запрашувањето ќе се врши во период од 21.00 до 06.00 часот со апарат за УЛВ ладно запрашување.
Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени сите населени места.
-Се молат пчеларите и пчеларските задруги да превземат соодветните мерки за заштита на пчелите.-апелираат од Општина Струга.
Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.
Strugaonline
Facebook Коментари