Kривични пријави заработија тројца возачи, освен во служебните, точеле гориво во приватни возила и прикажувале лажни сметки

- Локални
484

 

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,злоупотреба на службена положба и овластување“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Р.И.(49), од струшкото село Горно Татеши, Ј.З.(53) од селото Делогожда и Б.В.(45) од селото Велешта.

Пријавените во текот на 2017 година, како службени лица вработени во правен субјект во државна сопственост-М-НАВ АД Скопје-АКЛ Охрид,  во вршењето на службените должности на работни места возачи, користејќи ги задолжените безготовински картички за дополнување на гориво, истото, покрај во службените, го точеле и во сопствените приватни возила. Притоа, прикажувале лажни сметки и налози со што, се стекнале со противправна имотна корист од 640.041.84  денари.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари