На 14-ти овој месец (среда), со почеток во 10:00 часот во големата сала на Советот на општина Струга, ќе се одржува 15 (петнаесеттата) седница, а на дневен ред се следниве точки: Записник од 14 – тата седница на Советот на општина Струга.; Измена и дополнување (Ребаланс) на Буџетот на општина Струга за 2018 година; Квартален извештај за работата на ЈКП „Хигиена„ – с.Лабуништа III / квартал 2018; Програма за Работа на Советот за превенција на детско престапништво за 2019 година;Предлог – Одлука за спроведување постапка по пат на јавно електронско наддавање за краткотраен закуп на градежно земјиште сопственост на Република Македонија -плажа; Предлог – Одлука за донесување на Општ акт со кој се утврдуваат услови за начинот на градење во село Ложани – Општина Струга за кое нема урбанистички план.; Предлог – Одлука за утврдување локација за станица за појување на електрични автомобили; Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување УПД за КП бр. 1 КО – Езеро Глобочица поднесена од Дрилон Мусаи од с.Добовјани.
Извор: Општина Струга/Strugaonline
фото: архива
Facebook Коментари