На граничниот премин Ќафасан пронајдени 50 килограми марихуана

- Локални
730

На 11-ти ноември оваа година, околу 19 часот, на зелениот граничен појас во близина на граничниот премин Ќафасан, граничната полиција Регионален центар Запад, пронајде и одзеде две торби со 46 пакувања марихуана со вкупна тежина од околу 50 килограми.

На местото каде се пронајдени двете торби, извршен е увид по што, истите се подигнати, а марихуаната е предадена на вештачење. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Извор: МВР

фото: aрхива

 

Facebook Коментари