Во Струга е хоспитализиран маж со ковид-19 кој бил на патување во Занзибар

- Локални
921

Директорот на болницата за нефрологија во Струга, доктор Александар Попоски, за „Слободен печат“ потврди дека од Битола му бил препратен пациент кој бил на патување во Занзибар, Африка и потоа со позитивен корона тест завршил во болница. И сопругата на пациентот била хоспитализирана во Скопје.

Се уште не се завршени анализите во МАНУ кои треба да потврдат или да негираат дека станува збор за јужноафриканскиот сој на коронавирусот.

-Има еден пациент кој ни дојде од Битола ненајавено. Во петокот слетал од Истанбул од Танзанија патувал, во Занзибар. Таму бил 15 дена со сопругата и два дена пред да дојде кренал температура. Дојде со висок креатинин и потврден на коронавирусот, без да ни кажат од битолската болница дека патувал во Африка, со што постои ризик. И вчера инсистиравме да се префрли во 8 Септември. Уште го немам вклучено на дијализа, стабилен е меѓутоа податоците отпосле се дека сопругата му била хоспитализирана во Скопје и заедно биле на пат. Сатурацијата му е добра, изјавил за ,,Слободен печат“ доктор Попоски.

Целиот текст можете да го прочитате на следниов ЛИНК 

Извор: Слободен печат

 

Facebook Коментари