Во Струга ќе се одржи работилница за развивање на креативни бизнис идеи
Идната сабота во Струга ќе се одржи првата работилница за развивање на креативни бизнис идеи која се одржува во рамките на проектот „Создавање на претприемачки вештини и креативни бизнис идеи кај младите“ во рамките на Проектот на УСАИД за Граѓанско учество.
Целта на ова работилница е да се обучуваат младите како да создаваат креативни бизнис идеи и истите да ги спроведуват во пракса како можности за основување бизнис.
Обуката ќе биде спроведена според познатата ЦЕФЕ методологија од страна на реномираниот обучувач Јован Сталевски, воедно и претседател на ЦЕФЕ Македонија, и на крај на циклусот ќе бидат споделени сертификати за учество.

Работилницата е отворена за млади од 18 до 25 години и бројот на учесници е ограничен. На работилницата ќе се работи со практични примери и идеата која ќе се развива за време на работилниците на крај ќе може да се презентира како бизнис план.
Пријавувањето ќе биде отворено до 05.09.2017 година до 16:00 часот.
Избраните кандидати ќе бидат известени на 07.09.2017 година, при што ќе бидат известени за времето на одржување на работилницата.
Работилниците ќе се одржуваат во ХОТЕЛ ДРИМ – Струга на 09.09.2017 (Сабота). Повеќе информации околу аплицирањето можете да најдете на следниов линк

