Според „The Guardian“ Охрид е еден од најдобрите десет европски градови покрај езера

- Локални
1093

Охрид е еден од десетте најдобри европски градови покрај езера според „The Guardian“. Имено, познатиот весник, составил листа опишувајќи ги сите можности кои би ги имале туристите доколку ги посетат рангираните градови. Во електронското издание на весникот пишува дека Охрид е богат со едно од најдлабоките езера во Европа. Погледот кон езерото е опишан како вистинско уживање во сина и митско“ зелена боја. Во статијата се споменува и Црквата Свети Јован Канео како и Заливот на коските. Освен Охрид, во статијата се споменуваат и градови кои се наоѓаат  во Германија, Австрија, Финска, Франција и други.

 

Facebook Коментари