Во Струга одбележан 9-ти мај, ден на победата над фашизмот

- Локални
904

Поради пандемијата, Денот на победата над фашизмот во Струга беше одбележан во групи. Денеска, 9-ти мај 2020 во 10:00 часот ,делегации на Сојузот на борци од Струга и струшко, положија свежо цвеќе на споменикот на Револуцијата на плоштадот во Струга како и на бистите на паднатите борци на Кејот на Црн Дрим, во знaк на сеќавање на борците кои ги дадоа животите за слободна Македониja.

„Масовноста и говоранциите оваа година поради пандемијата и вонредната состојба изостанаа, но не се заборавија сеќавањата за Денот на Победата“ -истакна претседателот на ОО на Сојузот на борците од Народно ослободителната војна на Македонија, а сега поддржувач, Ајредин Мемети.

Текст и фото: Стојан Кукунешоски

Facebook Коментари