Во Струга одбележан Светскиот ден на прва помош

- Локални
1450

Во организација на Црвен крст-Струга беше одбележан 8-ми септември – Светски ден на прва помош. Одбележувањето се одржа под мотото @Не Ви е потребна лиценца за да спасите нечиј живот“, а темата оваа година е „Несреќи на патиштата“. Волонтерите на Црвен крст заедно со учениците од приватното средно училиште „Јахја Кемал“ импровизираа сообраќајна незгода помеѓу автомобил и мотор. Во импровизацијата им се укажа соодветна прва помош на повредените.

Својата приказна ја раскажа и еден волонтер кој во сообраќајна незгода со мотор ја изгубил ногата. Волонтерот укажа на тоа колку можат да бидат фатални последиците, а тоа беше добра лекција за сите учесници во сообраќајот.

Одбележувањето на денот на прва помош во Струга ги пренесе своите пораки-да научиме да пружиме прва помош, затоа што навремената реакција може да спаси нечиј живот, и да бидеме совесни возачи и пешаци.

Strugaonline

 

Facebook Коментари