Промоција на поетската збирка „Суштината на времето“ од Виолета Пачовски во Вевчани

- Локални
1034

На 14. 9. 2018 година во 17:30 часот, во рамките на Вевчанското културно лето (ВЕВКУЛ) Вевчани, ќе е одржи промоција на збирката песни „Суштината на времето“ од Виолета Пачевски.

Авторката живее и твори во Панчево, а нејзините корени се од Вевчани и Струга.

Книгата „Суштината на времето“ е двојазична на македонски и српски јазик, а тоа значи дека авторката и припаѓа на билингвалниот книжевен круг на автори кои имаат во две татковини и творат на два јазици.

Збирката песни ќе ја промовираат писателите Петко Шипинкаровски и Мишо Китаноски, а стихови ќе чита Верица Мукоска.

Она што посебно заслужува внимание е фактот дека нејзините претци биле крстени во црквата „Св. Никола“ во Вевчани, просторот во кој ќе се одржи и промоцијата на нејзината книга.

Се очекува гости и пријатели од Вевчани и Струга, да присуствуваат на овој по многу нешта интересен културен настан на кој што, Виолета Пачовски, по промоцијата ќе има средби со читателите.

Strugaonline

Facebook Коментари