Во Струга одбележана 78-годишнината од смртта на Нико Нестор

- Локални
878

Основната организација на борците од Струга,по повод 78 години од трагичната смрт на младиот студент и секретар на МК на КПЈ-Струга-првоборецот Нико Нестор и 103 години од неговото раѓање .На 25 септември 2021 година,делегација положи свежо цвеќе на споменикот во паркот пред зградата на ОО на СЗБ-Струга,исто така делегацијата положи цвеќе и на бистата во дворот на средношколскиот центар што го носи името на овој револуционер.

Меѓу плејадата млади македонски интелектуалци што во текот на Народноослободителната борба ги положија своите животи за слободата  на својот народ,Нико нестор зазема едно од најистакнатите места,истакна Ајредин Мемети,претседател на ОО СЗБ-Струга.

Останувајќи сираче,без мајка и татко,Нико уште во најмладите години ќе го понесе товарот на макотрпниот живот и под ретко тешки услови ќе успее да го заврши своето средно образование,за во 1939 година да стане студент на правниот Факултет на Белградскиот универзитет.Непомирливиот противник против владечката класа,Нико во Белград категорички ќе одбие да прими било какава стипендија,иако таква можност имал,бидејќи стипендиите се давале условно.

По капитулацијата на Југославија,Нико брзо ќе се најде во своето родно место,Струга,каде како доследен револуционер меѓу првите ќе се влкучи и ќе ја поведе илегалната борба на Партијата за организиран отпор со решителна борба против окупаторот.Нико Нестор со посебен револуционерен жар ќе продолжи со својата револуционерна активност,така што ќе успее за кусо време во најконспиративни услови на револуционерен план да ја мобилизира целокупната младина на Струга.

Teкст и фото: Стојан Кукунешоски

Facebook Коментари