Во Струга одбележани 76 години од Првата македонска ударна бригада

- Локални
689

На денешен ден пред седумдесет и шест  години, во село Локов  е формирана Првата македонска народно-ослободителна ударна бригада, подоцна прогласена за пролетерска.

По повод свеченостите во чест на 76 годишнината од формирањето на Бригадата под мотото „Мир-Традиција-Иднина“ , Сојузот на борци 1941-1945 на Македонија – Општинскиот одбор на борците и поддржувачите од Струга, на 8 јуни, на Денот на формирањето на Бригадата, бројната делегација организирана во парови предводени од претседателот на боречката организација Ајредин Мемеди, како и претседателот на ЗП Струга Милорад Трпоски, граѓани и претставници од локалната самоуправа, положија цвеќе на споменикот од НОБ и други спомен обележја во Струга.

Поради вонредната состојба предизвикана од Корона вирусот, годинаа изостанаа поздравните зборови како и планираниот коктел за прием на присутните.

Текст и фото: Стојан Кукунешоски

Facebook Коментари