Во Струга одбележани 77 години од денот на ослободувањето

- Локални
397

Со полагање  цвеќиња пред споменикот на револуцијата на плоштадот во Струга и на бистите на паднатите борци на кејот на реката Црн Дрим,Општината Струга,го одбележа 8 Ноември ,Денот на ослободувањето на градот.

Претседателот на боречката организацина од Струга, Ајредин Мемети, кој беше организатор за ова одбележување прв положи свежо цвеќе и им одаде почит на сите учесници во НОБ протиов фашистичкиот окупатор.

Кој истовремено честитајќи им го на своите сограѓани, Денот на ослободувањњето,претседателот на боречката организација Мемети истакна дека оставаме аманет на следните генерации да го чествуваат,почитуваат овој Голем ден,зашто е во чест на сите кои ги положија животите за слободата на Струга,на борците од Втората светска војна,борците ,кои ги дадоа своите животи за слободна,самостојна Македонија,кои се избореја за слободен град,се поклонуваме,им одаваме почит за нивното херојство,нивната жртва,за тоа што го дадоа за својот град.Им благодариме за идеите,за потребата да си свој на своето.Ветуваме дека,како генерација ќе се грижиме за почитта кон нив,да не  бидат заборавени,заврши Мемети.

Свежи цвеќиња положија делегации на  Здружението на пензионери од Струга преводени од претседателот Милорад Трпоски, делегација од АРМ, политички партии,здруженија на граѓани,подржувачите и почитувачите на делот на Јосип Броз Тито, и ученици од основните училишта од градот.

Текст и фото: Стојан Кукунешоски

Facebook Коментари