Во Струга осамна мурал посветен на волонтерството, автор е уметникот Горан Ристовски

- Локални
976

На 23-тi јуни започна сликањето на мурал на зградата на СОУ,,Нико Нестор” како една од активностите на овогодинешната програма на Раздримување ’23.

Муралот е насловен ,,Ниеден човек не е остров”, автор на муралот е Горан Ристовски, а во процесот на сликање имаа можност да се вклучат и ученици од училиштето.

,,Композицијата и мотивот има за цел да го поттикне и одрази волонтерството- вклучувањето не само на младите туку и на сите генерации во креирањето на поубава заедница во различни сегменти од живеењето. Делото ќе остави трајна вредност во кругот на училиштето, како и порака од едни кон други генерации.“-изјави за Strugaonline авторот на муралот, Горан Ристовски.

Програмата на „Раздримување’23“ е поддржана од Министерство за култура, имплементиран од страна на ИНКА- Иницијатива за независен културен активизам. Оваа акција ја подпомогнаа и од проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“ финансиран од Европската унија и спроведуван од страна на Коалицијата на младински организации СЕГА како главен имплементатор заедно со партнерите СОС Детско Село Северна Македонија, Волонтерски Центар Скопје и Асоцијација Женски Форум Тетово.

Strugaonline

Facebook Коментари