Најдобрите ученици на генерација добија пофалници и ваучери од градоначалникот Мерко

- Локални
458
 Во просториите на Општина Струга, градоначалникот д-р Рамис Мерко, ги пречека учениците од единаесет општински основни училишта и две општински средни училишта, избрани за „најдобри ученици на генерацијата“, а секој од избраните ученици доби ваучер и пофалница за постигнатиот успех во учењето, за учебната 2022/2023 година. Оваа церемонија се одржува по втор пат, под мотото „Биди прв, биди најдобар“.
,,Учениците се нашата најсветла иднина и најголемиот потенцијал за развој на нашата општина и држава. Многу сме горди на сите наши ученици, на овие одлични ученици кои постигнаа многу високи резултати во воспитно-образовниот процес.“-стои во соопштението од Општина Струга.
Strugaonline

Facebook Коментари