Во Струга приведени четири лица од Албанија, нападнале жител на Велишта

- Локални
355

На 09.11.2022 околу 13.00 часот, полициски службеници од ОВР Струга ги привеле С.К.(35), Н.К.(34), А.Ц.(34) и Б.Е.(36), сите од Република Албанија, затоа што претходно на магистралниот пат Струга-Ќафасан во изградба физички го нападнале К.В.(29) од селото Велешта, струшко, кој извршувал работни задачи на патот. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари