Лев банер Десен банер

Во Струга промовирана книгата за деца „Мравко“ од Даниела Милошеска

Во Спомен куќата на Браќата Миладиновци во Струга, во петокот беше промовирана книгата за деца „Мравко“ од Даниела Милошеска, воспитувач во ЈОУДГ „8-ми март.“ Книгата е наменета за најмладите и содржи пет илустативни приказни соодветни за децата од претшколска возраст.

„Мравко е лик кој е интерес и лесно запамтлив за децата. Преку воие пет приказни, децата ги поттикнуваме на љубов, желба и почит за книгата воопшто. Преку содржината на оваа книга, на сликовит начин, децата имаат можност да ги научат основните и второстепените бои и правилното користење на четка. Во оваа книга, најмладите учат за почит кон постарите, ја запознаваат нашата татковина, токму преку патувањата на Мравко. “ – вели авторката Даниела Милошеска.

Преку овие илустрации, децата исто така учат за хигиена, хуманост, правилна употреба на вода и струја и други вештини и вредности кои им се потребни.

Книгата е влезена во проекти од Национален интерес на Република Северна Македонија и е поддржана од Просветно дело.

Веќе е во продажба во книжарниците на Просветно дело.

Strugaonline

 

error: