Време: Следува пад на температурите, утре дожд, а на планините снег

- Македонија
440

Денеска ќе преовладува сончево време со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 3 до 13 степени. Утре ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините со повремен снег. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, врнежите кон крајот на денот ќе преминуваат во снег и на повисоките места во северните делови. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 3 до 10 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари