Во Струга се дискутираше за предизвиците на комисиите за еднакви можности

- Локални
740

Во рамки на проектот „Родовите прашања и политики како мотив за граѓаните да бидат вклучени во креирање на локалните политики” кој го спроведува Македонското женско лоби, поддржано од CIVICA mobilitas  денеска во просториите на Салата на Советот на Општина Струга се одржа средба каде присуствуваа претставници од општинската администрација, претставници од советот на општина Струга. а  говорник -гостин беше Г-ѓа Елена Грозданова, државен советник за еднакви можности при Министерството за труд и социјална политика.

Г-ѓа Грозданова е еден од основачите на родовата машинерија во Р.Македонија и иницијатор за формирање на комисиите за еднакви можности во општините. На оваа средба се дискутираше за предизвиците на комисиите за еднакви можности и националните планови.

Во склоп на овој проект предвидени се низа  активности во осум општини и тоа: Карпош, Куманово, Теарце, Битола, Велес, Струмица, Струга и Чешиново- Облечево.

Strugaonline

фото: Општина Струга

Facebook Коментари