Во Струга се одржа Бадникова поворка 2019

Струга и оваа година ја продолжи традицијата на најавување на големиот христијански празник Христовото раѓање – Божиќ.


Бројни верници утрово присуствуваа на утринската Богослужба во црквата Св. Ѓеоргиј во Струга, а потоа се одржа и Бадниковата поворка на која дечињата од Струга и Струшко го навестија Христовото раѓање. Тие ја пееа Божиќната песна „Вечниот Бог“ и ја доживеаа убавата духовна енергија и Божјата благодат.
https://www.facebook.com/strugaonline.mk/videos/1773831379410771/

После активностите на Бадниковата поворка, во дворот на црквата се делеше топол чај и посни колачи.

Strugaonline

