Во Струга се одржа обука на фасилитатори

- Локални
270
Во периодот 21-26.06.2023 година, во хотел Солферино Струга, се одржа обука на фасилитатори за спроведување на Проценка на организациски капацитети во општинските организации на која учествуваа девет избрани претставници на Црвен крст на РСМ.
,,Проценка на организациски капацитети во општинските организации (ПОКОО) – Branch organizational capacities assessment (BOCA) претставува инструмент развиен од Меѓународната Федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина, кој има за цел преку структуриран начин да овозможи самопроцена на општинската организација за 34 организациски области во работењето, да се препознае нивото на кое се наоѓа во контекст на овие области, да утврди приоритети за развој за наредната година и подготви план за развој на општинската организација.“-информираат од Црвен крст.
По тридневна обука на 24 и 25.06.2023 година се спроведе проценка во ООЦК Битола, Прилеп и Струга преку активно учество на локални тимови од по 10 члена во секоја ООЦК составени од волонтери, членови и вработени лица.
На 26.06.2023 година ПОКОО фасилитаторите спроведоа евалуација на теренското искуство и договорија следни чекори за имплементација на целиот ПОКОО инструмент.

Facebook Коментари