Изминатава недела, на 30-ти ноември, во ЦК „Браќа Миладиновци“ во Струга се одржа промоција на книгата „Говорот на телото“ од проф.др.Зендел Абедин Шехи.
ГОВОРОТ НА ТЕЛОТО всушност претставува комплетен навигациски водич за невербална комуникација.
Во книгата се зборува за историјата на невербалната комуникација, нејзината природа, еволуција на говорот на телото. Универзални фацијални експресии, читање и анализирање на луѓето околу нас. Разбирање на туѓите гестови, знаци и други фактори (сигнали и значење). Значење на знаците (очи – движења, глава, раце далнки, ракување, нозе стапала, пресонална далечина и синхронизација).
Говорот на телото, позиционирање и седење во однос на другите. Флертување, додворување, закажување состанок.
Речник на говорот на телото. Фобии (психологија ).
Психологија на лагата
Зошто лажеме,што губиме а што добиваме?
Препознавање на лаги
Его
Цена на лажењето
Препознавање на лаги
Воедно во книгата се зборува (професорот зборуваше во своето излагање на промоцијата) за убавината и убавиот збор на куртуазивноста и емпатија, за експресија и светот на емоции и за ред други убави нешта. Нашата секојдневна преокупација и позиција што секој од нас ја има во општеството не тера на различни конверзации со луѓе од различни профили и различни“ светови”. Па би рекле: високоинтелигентни, сензитивни, праведни, срамежливи итн. Ако таквите поими ги сублимираме и вршиме некаква симбиоза без двоумење ќе поминеме во “емпатија”. Последново “емпатија” е широк поим кој што тешко може да се дефинира. Професорот се потруди на еден начин да ја претстави како способност за разбирање на емоциите на други луѓе и правилно реагирање на истите.
Strugaonline
Facebook Коментари