Денеска отворен ден во „Порака Нова“ – придружете се и покажете поддршка

- Локални
704

По повод 3-ти декември, Меѓународен ден на лицата со посебни потреби, Дневниот центар „Порака Нова“ од Струга, организира отворен ден за сите пријатели и поддржувачи.  Од „Порака Нова“ ве покануваат на работилници за изработка на декоративни свеќи, изработка на накит, декоративни перничиња, новогодишни лампиони, новогодишни честитки и друго. На отворениот ден кој се случува денеска  во период од 10:00 до 13:00 часот ќе има изложба на сите изработки кои ќе бидат од продажен карактер.

Strugaonline

Facebook Коментари