Лев банер Десен банер

Во Струга започна хуманитарната акција за собирање тестенини, секој заслужува достоен оброк

Црвен Крст Струга во соработка со „Здружение на професори по италијански јазик“ организираа хуманитарна акција за собирање на тестенини.

Под мотото „Заедно можеме повеќе“, а на иницијатива на Здружението на професори по италијански јазик ова хуманитарна акција се спроведува во неколку училишта во Струга, Охрид и Струмица. Целта е да се соберат тестенини што ќе бидат донирани на социјално загрозени семејства  за секој да има достоен оброк. 

 Акцијата  се спроведува денеска и утре во просториите  на  СОУ ДР. Ибрахим Темо Струга,  каде е поставен пункт за донации.

Денеска е светски ден на гладта, а од 16-ти до 22-ри октомври се одбележува Неделата за борба против гладта.

Будете хумани, затоа што секој заслужува достоен оброк.

Strugaonline

error: