Во тек е акција за контрола на водомерни броила

- Локални
954

Од МЈП „Проаква“ – Струга, РЕ „Водовод“ од Охрид ги известуваат корисниците на вода од снабдителниот систем со кој стопанисуваат, дека е во тек акција на контрола на водомерните броила.

 

– „При тоа, од страна на нашите служби е воочена разлика која произлегува од нелегално манипулирање со истите. Се предупредуваат сите корисници, кај кои на лице место ќе се затекне водомерно броило со недостатоци (нема или е оштетена пломба, оштетен е механизам и слично), дека против нив ќе бидат покренати судски постапки и дека истото подлежи на кривична одговорност. Кај ваквите случаи ќе се фактурира паушал во висина од 50 м3, се` до комплетното отстранување на недостатокот, се вели во соопштението на  МЈП „Проаква“ – Струга, РЕ „Водовод“ од Охрид.

Извор: Водовод-Охрид

фото: aрхива

Strugaonline

Facebook Коментари