ФАНТАСТИЧНИТЕ 2 CELLOS ПРЕД МАКЕДОНСКАТА ПУБЛИКА- 06 ОКТОМВРИ, ВИП АРЕНА!

- Забава
816

Авалон продукција со гордост најавува дека во рамки на својата светска турнеја “Score”, 2 CELLOS ќе настапат и пред македонската публика на 06 октомври во Скопје.

Шоуто ќе биде спектакуларно со светска продукција и пиротехника, како што се сите нивни арена шоуа, на оваа турнеја.

„Со големо задоволство констатираме дека после концертот на Стинг, во последниве неколку години немаме забележано ваков интерес кај македонската публика за концерт во ВИП арената, како во овој случај и поради тоа влезниците ќе ги пушиме во продажба веднаш, а деталите ококу тоа ќе бидат објавени во среда во 19 часот, на ова исто место.“-велат од Авалон продукција.

2 CELLOS за прв пат доаѓаат во Македонија со големо продукциско арена шоу, какво што во изминативе неколку години го имаат во сите големи арени низ целиот свет.

Лука Шулиќ и Стјепан Хаусер во изминативе неколку години со својата брилијантна работа успеаа нешто што е навистина реткост во музичкиот бизнис- да се успешни и нивните концерти да се распродадени на сите континенти, и тоа во сите големи светски сали, што до нивното појавување беше незамисливо за една кросовер музичка атракција.

Strugaonline

Facebook Коментари