Во тек е пријавувањето за детската трка на спортската манифестација ,,Трка на поезијата“

- Локални
534

Tимот на спортската манифестација ,, Трка на поезијата“ информира дека  за прв пат оваа година ќе се одржи детската трка на 1км која минатата година беше одложена поради пандемијата. Тие додаваат дека трката ќе биде отворена и ограничена на 200 дечиња кои ќе го разубават настанот со своето учество. Детската трка ќе опфати учесници на возраст од 7 до 13 години. Рокот за пријавување трае до 15-ти мај.

Maнифестацијата ,,Трка на поезијатa“  на 22-ри мај годинава ќе го има своето второ издание.

Strugaonline

Facebook Коментари