Во рамки на проектот “Прашања за младинско учество – на локално ниво,, денеска се одржа настан на кој учествуваа координаторот на проектот, Тамара Петковска, претставник на локалниот младински партнер АКВА – Ана Наумоска, како и претставници од Општина Струга.

-Целта на овој настан е вмрежување за формирање на младински центар во Струга. Присутните беа информирани за планираните активности и процеси на проектот. Исто така, службеник за млади од Општина Струга, Емина Рустемоска, ги објасни следните чекори за вклучување на процесите во проектот и пошироко. -информираат од Општина Струга.
Проектот е поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија во РCМ.
Facebook Коментари