Водата во Струга е загадена и не смее да се користи за пиење

- Локални
915
ЈП Водовод и канализација-Струга информира дека  поради дефектот од пред два дена во водоводната мрежа, водата во градот Струга е загадена и не е за пиење.
-Ги молиме сите граѓани да не консумираат вода за пиење, за лична хигиена и производство на прехранбени производи до следното известување.-апелираат од претпријатието.
Од таму додаваат дека работните тимови на претпријатието се на терен, за да се реши тој проблем.
Потенцираат дека се  работи со голем интензитет, пуштени се хидрантите за чистење на водата, и се изведува хиперклорирање на водата.
Strugaonline

Facebook Коментари