Претставниците на ОБСЕ и ОДИХР за струшкиот регион остварија средба со градоначалникот Мерко

- Локални
636

По барање на канцеларијата на ОБСЕ и ОДИХР во Северна Македонија,  во просториите на Општина Струга, градоначалникот Рамис Мерко им посака добредојде на претставниците на оваа мисија во Струшкиот регион.

Мисијата на ОБСЕ и ОДИХР  има за цел да ги набљудува изборите на на 17-ти октомври со тим од 13 експерти со седиште во Скопје и 20 долгорочни набљудувачи, кои се распоредени низ целата земја. Мисијата ќе процени дали изборите се спроведуваат во согласност со заложбите на ОБСЕ и другите меѓународни обврски и стандарди за демократски избори.

Градоначалникот Мерко по презентацијата на градот што го води и информации за општината како институција, понуди соработка и поддршка за секоја потреба што ќе ја имаат овие претставници.

Strugaonline

Facebook Коментари