Времето денес облачно и постудено со повремени локални врнежи од дожд
МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С)
1 Попова Шапка, 3 Маврови Анови, 4 Крушево, 5 Берово, 8 Битола, Охрид, Претор, 9 Прилеп, Крива Паланка, 10 Куманово, Струмица, Тетово, Виница, 11 Скопје-Зајчев Рид, Штип, 12 Демир Капија, Скопје-Петровец, Велес, 14 Гевгелија.
КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 08 часот во (l/m2)
3 Претор, 1 Битола.
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА
Претежно облачно и постудено со повремени локални врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во југоисточните делови. Поради продор на постуден воздух од север врнежите на некои од повисоките планини ќе преминат во повремен снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени.
Температурата во Струга и Охрид ќе се движи од 9 до 13 степени.
Извор: УХМР, фото: архива
StrugaOnline

