Времето денес претпладне променливо облачно, попладне нестабилно со повремен локален дожд и грмежи
КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 08 часот во (l/m2)
74 Скопје – Црешево, 63 Скопје – Лисиче, 44 Скопје – Гази Баба, 32 Куманово, 29 Крива Паланка, 22 Берово, 18 Струмица, Скопје – Зајчев Рид, 16 Попова Шапка, 13 Скопје – Карпош, 12 Претор, 11 Скопје – Ѓорче Петров, Демир Капија, 10 Гевгелија, 9 Кавадарци, 8 Велес, 7 Скопје – Петровец, 5 Тетово, 3 Виница, Маврови Анови, Ѓуриште.
Забелешка: Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА
Претпладне променливо облачно со појава на утринска магла по одредени котлинии, попладне нестабилно со повремен локален дожд и грмежи. Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²), грмежи, засилен ветер (над 60 km/h) и појава на краткотрајно невреме со град.
Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 35 степени.
Извор: УХМР, фото: архива
StrugaOnline

