Времето денес променливо облачно со повремени врнежи од дожд

- Локални, Македонија
107

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)

-6 Битола, -5 Прилеп, -3 Тетово, Штип, Виница, Куманово, -2 Дебар, Кавадарци, Попова Шапка, -1 Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Демир Капија, Струмица, Берово, Велес, Маврови Анови, Лазарополе, 0 Скопје-Петровец, Крушево, 1 Претор, Гевгелија, 2 Охрид.

ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА во 07 часот (во сm)

46 Попова Шапка, 42 Маврови Анови, 22 Крушево, 17 Битола, 10 Дебар, 9 Тетово, 7 Демир Капија, 6 Штип, Берово, 5 Лазарополе.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Претпладне по одделни котлини со појава на магла и ниска облачност. Преку денот времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и снег во пониските, а со врнежи од снег на повисоките места и на планините. Врнежите ќе бидат со слаб, а во западните делови со умерен интензитет.

Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7 степени.

Извор: УХМР, фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари