Инстаграм ги продолжува видео снимките во траење до 3 минути

- Занимливо
111

Инстаграм го продолжува ограничувањето на траењето на Reels видеата како одговор на барањата на корисниците.

Инстаграм вчера најави зголемување на максималното траење на Reels видеата на 3 минути, со што претходната граница од 90 секунди е двојно зголемена. Оваа промена ја потврди шефот на Инстаграм, Адам Мосери, наведувајќи дека продолжувањето е резултат на повратните информации од корисниците, кои сметаат дека 90 секунди се премалку.

Како што објасни шефот на Инстаграм Адам Мосери:

„Почнувајќи од денес, можете да прикачувате Reels на Инстаграм до три минути. Сакавме да го фокусираме Инстаграм на видео во кратки форми, а не на видео со долга форма, но слушнавме многу повратни информации од многу од вас креаторите дека 90 секунди се премногу кратки, така што се надеваме дека зголемувањето на таа граница до три минути ќе ви помогне да ги раскажете приказните што навистина сакате да ги раскажете“.

Иако тоа не е нов концепт, а и YouTube, исто така, официјално ја продолжи должината на Shorts на три минути претходно овој месец, како што наави минатата година.

StrugaOnline

Facebook Коментари