Времето денес сончево и топло со мала до умерена локална облачност

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)
6 Лазарополе, 8 Маврови Анови, 9 Берово, Попова Шапка, 11 Претор, Тетово, Крива Паланка, Охрид, 12 Скопје-Петровец, Битола, Дебар, Крушево, 13 Прилеп, 14 Куманово, Виница, 15 Скопје-Зајчев Рид, Демир Капија, Штип, 16 Струмица, Кавадарци, Велес, 22 Гевгелија, Дојран.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 24 часа до 08 часот (во l/m2)
2 Охрид.
Забелешка: Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.
ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВА
Во текот на ноќта времето беше ведро, а само во југозападните делови имаше појава на мала до умерена облачност. Утрово насекаде е сончево, наместа со слаб ветер од променлив правец.
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во крајните јужни делови од земјата ќе има услови за ретка појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе достигне од 27 до 34 степени. UV=8
Извор: УХМР, фото: архива
StrugaOnline

