После синоќешното спектакуларно свечено отварање на 58-те Струшки вечери на поезијата, и денеска следува богата програма на фестивалот кој годинава нуди многу новитети.
Ова е распоредот на активности планирани за денеска:
10:00 Портрет на Зоран Анчевски, добитникот на наградата „Браќа Миладиновци” за 2018 година
-Конгресна сала, Хотел „Дрим“
11:00 Поетско читање на поетите од потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци” за 2019 година
-Конгресна сала, Хотел „Дрим“
12:00 Доделување на наградата „Стојан Христов” за најдобра поетска книга од поет од дијаспората за 2019 г.
-Конгресна сала, Хотел „Дрим“
12:30 Симпозиум „Исток/Запад: Балкан/Европа“
-Конгресна сала, Хотел „Дрим“
16:00 „Пирот, поет, скитник“- разговор со Емануел Рембер, директор на Францускиот институт во Скопје
-Конгресна сала, Хотел „Дрим“
17:00 Организирано разгледување на Струга 20:00 Поетски портрети-Влада Урошевиќ
-Истек на реката Црн Дрим (,,Галеб“)
21:00 Претставување на тематската антологија „Арката на Ное“
-Истек на реката Црн Дрим (,,Галеб“)
22:00 Кругови (вечер на интернационална поезија)
-Истек на реката Црн Дрим (,,Галеб“)
23:00 Промоција на „Дедлајна љубов моја“ на Владимир Лукаш – во соработка со ИНКА Струга во рамки на „Раздримување“
-Истек на реката Црн Дрим (,,Галеб“)
00:00 „Ноќ без интерпункција” | Изложба „Скицерајки“ од Владимир Лукаш – во соработка со ИНКА Струга во рамки на „Раздримување“
-Центар за култура – Фоаје .
Извор и фото : СВП
Facebook Коментари