Лев банер Десен банер

Второ издание на „Drim Short Film Festival“ во октомври во Струга

Дирекцијата на „ДримОН“ фестивалот со задоволство  го најавува второто издание на Фестивалот на краток филм „Drim Short Film Festival“  кој оваа година од 12-14 октомври ќе се одржи во НУЦК „Браќа Миладиновци“ Струга.

„Минатогодишното издание и вниманието кое фестивалот го привлече кај струшката публика, но и кај филмската фела во Македонија, нѐ натера да размислуваме за проширување на програмата и разновидност во понудата, како за гледачите, така и за учесниците. Наскоро ја објавуваме и програмата по денови и сатници.“ – велат организаторите.

Strugaonline

error: