Wizz Air од декември ќе лета од Охрид до Фридрихсхафен, Германија

- Локални
355

Четири нови авиолинии од скопскиот и охридскиот аеродром, до Италија, Германија и Данска, од декември 2021, најави Wizz Air, најбрзо растечката авиокомпанија во Европа, информираат од ТАВ Македонија.

Wizz Air ќе воведе три нови дестинации од Меѓународниот Аеродром Скопје, до Болоња и Торино, двете во Италија, како и Билунд во Данска. Од Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, авиокомпанијата ќе почне да лета до Фридрихсхафен, Германија.

Како што најавуваат од авиокомпанијата, првите летови до сите дестинации ќе почнат  во декември 2021 година.

Извор: ОхридПрес

фото: архива

Facebook Коментари