За Лабуништа ќе важат истите мерки како и за цела Македонија, во Струга доаѓа уште еден епидемиолог

- Локални
2497

 

Денеска во работна посета на Струга и Лабуништа беше заменик  претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, како Главен координатор на Кризните штабови на единиците на локалната самоуправа за одбрана од КОВИД19.  Освен Османи, за преземањето на активности за спречување на ширење на КОВИД 19 на ниво на цела во Македонија, вклучувајќи ја и Струга, говореа и заменик министерот за здравство како и директорот на комисијата за заразни болести.

„Дадовме насока на општинските штабови да создаваат месни штабови, односно штабови на месните заедници, посебно во руралните средини. Целта е во секое село да има здравствен работник и претседател на месната заедница како и локален полицаец. “-рече Османи,

Тој се заблагодари на здравствените работници, на полицијата и сите други служби кои работат во служба на зачувување на колективното здравје. Истакна дека граѓаните ги почитуваат препораките, а дека новите заострени мерки се донесени се со цел граѓаните да бидат заштитени.

На денешната прес-конференција, Претседателот на комисијата за заразни болести др. Жарко Караџоски информираше дека село Лабуништа нема да биде прогласенo за кризно подрачје како што е случајот со Дебар, односно дека ќе важат мерките кои што важат за цела Македонија. Тој додаде дека во Струга ќе дојде уште еден епидемиолог, а можно е и отварање на пункт за тестирање доколку се покаже дека има таква потреба.

Заменик минстерот  за здравство, Арменд Арслани истакна дека новите  заострени мерки се во служба на спасување на човечки животи, потенцираше дека корона-вирусот е непознат непријател кој не штеди ниту млади животи и никој од нас не е имун.

Тој уште еднаш апелираше до граѓаните да ги  ги почитуваат сите мерки.

Strugaonline

Facebook Коментари