Зачувани спомени-фотографија од колектив на познати наставници од ОУ „Гоце Делчев“-Подгорци

- Локални
1605

Убавите фотографии доживотно се чуваат,а посебно кога на нив се наоѓаат саканите и почитуваните колеги.Така е со фотографијата од колективот на ОУ „Гоце Делчев“ од село Подгорци-Струшко, училиште  старо преку 90 години. Ликовите од фотографијата ,повеќето пензионери, некои и физички  не се присутни во средината, но живеат во најдобри спомени на колегите, учениците и нивните родители кои со почит се сеќаваат на нив.

Овие добри учители во животот и работата беа упатувани едни кон други,со постојано другарување,помагање и разбирање.Сите живееа како една хармонична фамилија.

Иако работеа во отежнати услови за работа, свесно и темелно си ја извршуваа својата – одговорна функција. За нив било најважно со голема педагошка умешност да работат со ученици.

Овој наставнички колектив извадил стотици видни научници, надарени уметници, вредни градители и истакнати општествено-политички работници.Кај сите нив училиштето и овој колектив оставија најдобри спомени.Тоа го потврдуваат некогашните ученици во нивните зачувани спомени,односно слободни писмени состави.Со одбрани убави зборови, сеќавања и спомени раскажуваат за училиштето ,за наставниците кои умееле како нивни почитувани личности длабоко  да го всадат најубавиот дел од нив. Тоа можат да го направат само оние наставници кои умеат, кои имаат талент, знаење и љубов кон професијата.

Строги но правични, работливи и истрајни и затоа почитувани и сакани, со голем авторитет и со несебично залагање  придонесоа за афирмација на ова училиште.

Младите генерации и наставници и учители го продолжија патот на постарите колеги и затоа оваа училиште  и денеска постигнува солидни резултати, се вбројува меѓу најдобрите основни училишта во Струшка општина, што покажуваат и освоените признанија од натпреварите, настапите и другите активности на учениците од оваа училиште.

Текст и фото: Стојан Кукунешоски

Facebook Коментари