Квалификации за ЕП 2022- Познати се противниците на нашата сениорска репрезентација

- Спорт
441

Данска, Швајцарија и Финска се  противниците на Македонската ракометна сениорска репрезентација  во квалификациите за пласман на Европското првенство  2022 година.

По извлекувањето на групите беше утврден  целосниот распоред на натпреварите. На 4/5 ноември нашата репрезентација ќе ја пречека  Финска, додека пак на 2 мај ќе ги заокружиме квалификациите со дуел против Швајцарија.

Дуелите со Данска која важи за фаворит во групата се закажани за трета и четврта рунда.

Пласман на ЕП обезбедуваат првите две репрезентации од сите групи како и четирите најдобри третопласирани селекции.

Strugaonline

фото: архива

Facebook Коментари