Започна 19-та годишна конференција на Македонска берза во Охрид

- Локални
955

Охрид денеска е домаќин на 19-та годишна конференција на Македонска берза.

На отворањето се обрати  главниот извршен директор на Македонска берза, Иван Штериев, како и претставник од Комисија за хартии од вредност на Република Македонија. Ќе се обрати и министерот за финансии, Драган Тевдовски.
Покрај домашни експерти,  присуствуваат и дебатираат претставници од Европската комисија, ОТП банка Хрватска, Ерсте Ассет Манагемент, Еџпат Цапитал, Бугарија и други.

Во рамки на конференцијата се предвидени две панел дискусии: „Макроекономски трендови – што да очекуваат економските субјекти и инвеститори“ и „Дали на регионалните пазари на капитал им треба развојна стратегија?“. Дел од панелистите ќе бидат гувернерот Димитар Богов, заменик министерот за економија Кире Наумов, потоа Трајко Славески и Фатмир Бесими.

На конференцијата ќе биде доделена наградата „Кристално ѕвоно” – за најтранспарентни котирани акционерски друштва за 2017 година, како и награди за овластени учесници на македонскиот пазар на хартии од вредност за 2017 година.

извор: ОхридПрес

фото: архива

Facebook Коментари