Денеска се одбележуваат 115 години од смртта на Гоце Делчев

- Македонија
731

Денеска во Македонија ќе бидат одбележани  115 години од смртта на револуционерот Гоце Делчев, кој на денешен ден во 1903 бил убиен од турската војска во селото Баница.

По тој повод,   делегација на Владата на Република Македонија, предводена од премиерот  Зоран Заев  ќе оддаде почит и ќе положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје.

Тој е еден од најпознатите македонски револуционери, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно национално ослободително движење на крајот на XIX и почетокот на XX век.

Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 година, во селото Кукуш. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата.

Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија.

По убиството, неговите посмртни останки првин се чувале во Баница, до 1917 година, кога биле пренесени во Ксанти, а потоа во Софија. До 1923 година, ковчежето со коските се чувало во домот на Михаил Чаков. Останките на Делчев на 11 октомври 1946 година биле пренесени во црквата „Свети Спас“ во Скопје.

 

Facebook Коментари