Започна асфалтирањето на новиот пат што ги поврзува улиците ,,ЈНА“ и ,,Партизанска“

- Локални
582
 Работните тимови на Општина Струга  денеска започнаа со асфалтирање на новиот пат до гробиштата, кој ги поврзува улиците ,,ЈНА“ и ,,Партизанска.“
-Овој сегмент од коловозот ќе биде доста употребуван од возила, но најмногу од пешаци, бидејќи се работи за прилично населена населба во близина на градското основно училиште. По асфалтирањето на коловозот ќе следи поставување на вертикална и хоризонтална сигнализација, а наскоро ќе биде поставено и соодветно јавно осветлување.-соопштуваат од Општина Струга.
Додаваат дека со асфалтирање на патишта, но и со регулација на подземната инфраструктура ќе продолжат и во другите населби, бидејќи, како што велат, благосостојбата на граѓаните секогаш е приоритет на општината.
Strugaonline

Facebook Коментари