Започна асфалтирањето на последната делница од улицата ,,Шопев мост – Здравствен дом Вевчани”

- Локални
314

Подготвен е теренот за асфалтирање на третата и последна делница од проектот „Реконструкција на локална улица “Шопев мост – Здравствен дом Вевчани”.

-Со оваа делница го проширивме максимално и влезот во Вевчани кој води од с.Октиси, информира градоначалникот Спасе Кочоски кој што изврши увид на градежните активности.

Градежните работи започнаа во мај годинава, а се во рамки на инвестициите за обнова на патната инфраструктура во Вевчани планирани за годинава, заедно со реконструкција на улиците „Крепо“ и „Попој – Млака“.

Strugaonline

Facebook Коментари