Денеска во Струга започна имунизацијата против ковид 19 за лица постари од 77 години.
Од Здравствен дом-Струга за Strugaonline информираат дека вакцинацијата тече во најдобар ред, граѓаните ги почитуваат термините и од утрово до овој момент не се случило пријавен граѓанин за вакцинација да не се појави во закажаниот термин.
За вакцинирање се ангажирани два тима кои ќе работат само прва смена.
Струга доби 400 вакцини и по 40 термини дневно.
Стружани покажуваат интерес за вакцинација, пополнети термини има и за наредната недела.
Strugaonline
Facebook Коментари