Денеска е светски ден за подигнување на свесноста за аутизмот

- Македонија
491

Светот денеска го одбележува 2 -ри април, Меѓународниот ден за подигање на свесноста за лицата со аутизам.

Околу 1% од светската популација се лица со аутистичен спектар на нарушувања. Се претпоставува дека 7 милиони луѓе во Европска Унија и околу 15 до 20.000 лица во нашата држава имаат аутистичен спектар на нарушувања.

Со резолуција на Генералното собрание на Обединетите нации од 2007 година, 2-ри април  се одбележува како Меѓународен ден на аутизмот.

Ширум светот се испраќаат пораки за поголема грижа за децата, се повикува на повисока свест од општеството, подобри услови во градинките и училиштата за децата со аутизам.
-Аутизмот е состојба која влијае врз способноста на комуникација и социјална интеракција.
Се карактеризира со ограничено и повторливо однесување.
За разлика од минатото, кога проценките биле дека од аутизам страдаат 1 на 10.000 илјади деца, денес се смета дека 1 од 100 деца имаат аутизам.
Раното откривање на аутизмот и навремениот третман се многу битни за понатамошниот тек на животот, бидејќи на детето му се помага да стекне одредени социјални вештини и самостојност.-велат од Детска клиника-Скопје.
Strugaonline

Facebook Коментари