Лев банер Десен банер

Започна обуката за „личен асистент на лица со попреченост“ во Струга

Црвен крст на РМ, Општинска организација Струга денеска  (10.05.2018)  год ја започна обуката за “ЛИЧЕН АСИСТЕНТ НА ЛИЦЕ СО ПОПРЕЧЕНОСТ“. Станува збор за проект кој се реализира во соработка со Министерството за труд и социјална политика.

Од МТСП претходно информираа дека според оваа програма, личните асистенти на лицата со попреченост  ќе им помагаат при извршувањето на секојдневните лични и домашни активности, при посета на високообразовни институции, неформално образование,  професионална рехабилитација или поддршка на работно место.

Strugaonline

Фото: Црвен крст Струга

error: