Започна опремувањето на Центарот на зедницата во Вишни, добредојдени се идеи од граѓаните

- Локални
774
Со заеднички труд и влог помеѓу Месна заедница Вишни и уметничкиот колектив на Иницијативата за независен културен активизам ,,ИНКА“, во изминатиов период се опремуваше Центарот на заедницата, Вишни.
Целта е да се создаде место од каде ќе произлезат нови вредности создадени во дијалог помеѓу локалните жители, посетителите и уметниците во рамки на проектот „Уметникот во заедницата – резиденција и развоен хаб, Вишни.
Визуелните решенија за просторот се дизајн на младиот архитект од Струга, Јордан Лазороски.
Активностите продолжуваат до комплетното уредување, а организаторите ги повикуваат сите заинтересирани граѓани кои имаат идеи за реализацја на содржини во хабот или сакаат да придонесат за комплетна релазицаија на идејата на Јордан, да се вклучат во проектот.
Проектот е во имплементација на ИНКА, Струга и Мини-погон, Белград, подржан од „Култура и креативност за Западен Балкан“, подржан од Европската Унија, чија цел е да поттикне дијалог на Балкан со јакнење на културниот и креативен сектор за заголемување на социо-економскиот импакт.
Strugaonline

Facebook Коментари